И на прв поглед па што е чудно тоа, сепак се работи за 64 годишник , кој веќе 12 години активно се занимава со спорт-велосипедизам и по доста тешки терени..
Тоа пред се тоа го прави пради одржување на кондицијата,но како што може да се види на фотографијата Момчило совладува и поголеми надморски висини , како во случајов искачување на врвот на Водно до милениумскиот крст.
Инаку Момчило е поранешен успешен спортист –фудбалер , 20 активен фудбалер, настапуваше за повеќе фудбалски клубови , од ФК Кадино,ФК Илинден ,па до Македонската Лига настапувајќи за Слога –Скопје.
Населба Илинден на Момчило му посакува добро здравје и уште многу години спортување.