Неодамна во домот на Културата „Илинден“ во Илинден се одржа традиционална уметничка изложба, на која учествуваа уметници кои живеат или потекнуваат од Илинден.
Меѓу излагачите на свои уметнички дела на овогодишната групна новогодишна изложба,со свои дела се престави и најмладиот, 11 годишниот Филип Циглењак Симоновски .
Тој потекнува од Бунарџик ,а учи во ОУ “Ристо Крле”-Кадино.
Филип слика апстрактни слики на платно, користејќи акрилни бои и акрилни мастила.
Досега има реализирано четири изложби.