ИГОР ЈАКИМОВСКИ-Наш рекордер по бројот на скокање по Светиот крст во Скопје.

0
899

Во пресрет на утрешниот празник!

ТОЈ ПО 27 ПАТ ЌЕ БИДЕ  УЧЕСНИК СО СКОКАЊЕ  ПО СВЕТИОТ  КРСТ НА  БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ во реката Вардар во Скопје .

Корените на празникот Богојавление водат до апостолските времиња. За него се спомнува во Апостолските установи. Од II век е зачувано сведоштво од св. Климент Александриски за празнувањето на Крштението Господово и за ноќно Бдение што се служело пред овој празник.
Во спомен на Крштението, при кое Исус Христос се потопил во Јорданските води, Православната Црква од дамнини во навечерието и на самиот празник извршува големо осветување на водата.

Во Скопје оваа манифестација се одржува традиционално  многу векови , но денешнава објава ќе ја посветиме на еден наш сограѓанин кој е редовен учесник , Игор Јакимовски.

Игор МС Јакимовски ,врвен спортист  е редовен учесник на манифестацијата Богојавление-Водици ,скокање по крстот,секогаш близу до тој среќникот што го фатил крстот ,но тој сеуште не ја почуствувал радост .

1994 година

Наближува големиот православен празник Богојавление ВОДИЦИ 2020.
Овој прекрасен празник, момент и ден во негоот живот се  роди неговата најпочитувана и најдолга традиција која ја смета за злато вредна и за која би жртвувал се за да се одржи во духот на нашата православна вера.

1996 година


Традицијата ја започна во далечната 1994 година како средношколец и најмлад учесник меѓу 20 тина верници кои тогаш скокнаа по светиот крст кај Камениот мост.

1999 година


За него овој ден преставува најпрекрасен момент во годината во кој целосно се препушта на Бога и ужива во секој момент со сите негови браќа во чинот на спуштањето на светиот крст во Македонскиот Јордан-Вардар.

2006 година,кога среќник беше еден друг Илинденец -Ацо Пешевски ,опкружен од други наши сограѓани, а меѓу нив е и Игор инаку од нашата средина поголем број граѓани се редовни учесници на оваа мамифестација.


Токму на Камениот мост забележал една постара жена која секоја година се појавуваше во обезбедениот простор за скокачите и оставаше свој подготвен подарок за празникот како нејзина традиција за Водици.

2008 година


Токму таа му беше инспирација да и тој ја одржи  традиција на скокањето по крстот само на Камениот мост.
Во 2010та година поради градежните работи во Вардар за последен пат се скокаше кај Камениот мост и веќе од следната година традицијата продолжи на мостот кај хотелот Холидеј Ин и таа трае веќе цела деценија.

2010 година

Почитувани…
Оваа година Игор  ќе скока по 27ми пат.
Како помлад тој имаше голема желба и скокаше под голем притисок да стигне прв до светиот крст.

2014 година ,на фотографијата Игор со својот син.

Со тек на годините тој  сфатил дека највредното нешто што го добил од овој прекрасен чин и верска манифестација е највредното нешто што може да ти го даде Господ -здравјето,мирот и благосостојбата.

2015 година


И никогаш да не го фати крстот, за него  ова му е најголемиот подарок од Господ и со особена чест ќе ја продолжи оваа прекрасна традиција која трае веќе 3 децении.

2019 година

Како голем верник го  моли нашиот от православен народ да си ја чува својата вера, традиција и народни обичаи за да има што да им пренесе на нашите поколенија.
Негова девиза е да бидеме свои на своето, да се обединеме и сите да бидеме сплотени на бреговите на осветените води во недела на Водици.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 18 ЈАНУАРИ
Следната статија„БОГ СЕ ЈАВИ-НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука