Обичај -Водици во Битуше

0
89

Традициите-обичаите поврзани со верскиот празник Водици во Македонија во разни краеви свечано се одбележува  на различни начини.Но има  едно село-Битуше, кое овој празник го одбележува на свој специфичен и единствен начин.Обичај кој се одржува многу долг период ,прифатен од сето население на селото без исклучок.

Традицијата е дел од идентитетот на секој народ и во неа е вткаен културниот и креативниот дух на многу генерации. Преку обичаите и обредите остава траен белег и ги прави луѓето посебни, препознатливи.

Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за еден народ, проучувај ја неговата историја, ако сакаш, пак, да го разбереш духот на тој народ, научи ја неговата народна култура, неговата традиција, обредите и празнувањата… Токму едно такво празнување – Водици во Битуше кое обединува вековни обичаи на македонскиот народ од Западна Македонија, е прогласено за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Автентичноста е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити

 Битуше не е обично македонско село. Лежи на лековити извори и 22 чешми. Тоа е село во мијачкиот дел од Македонија, под планината Крчин, каде што на еден невообичаен начин се испреплетени природните убавини, историјата, традицијата, фолклорот.

Инаку, празнувањата започнуваат на 13 јануари, а кулминираат со т.н. Машки Водици (19 јануари), а завршуваат на Женски (20 јануари) Водици. Обредно-обичајните дејствија кои се изведуваат се од црковен и народно-христијански карактер главно поврзани со култот на водата и нејзината прочистителна моќ.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 26 ЈАНУАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 27 ЈАНУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука