ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО ПАРИ

0
205

 

Како деца не учеа дека ако најдете пара на улица, тоа е знак за среќа, но…

Ако процените дека изгубените –најдените пари се изгубени од некој сиромав човек,подобро е да не ги земате,зошто со земањето ја преземате и нговата сиромаштија кај Вас.

Пронајдените пари не носат среќа и затоа не треба да ги држите во вашиот паричник. Раздавајте ги на сиромашните или веднаш потрошете ги.

Ако даваме пари на некого, не треба да го гледаме во очите, за да не ни оди само на “давање”.

Монетите и банкнотите е подобро да се земат со левата рака, а да се враќаат со десната.

Ако се истурат монети од вашиот паричник, најдобро е да ги собирате со десната рака.

Платата треба да преноќи -За парите кои сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе ја добиете платата немојте да трошите ниту денар.  

Не позајмувајте пари на пријателите и познаниците во вторник 

Најдобро е наутро треба да давате и земате заем, а навечер не.

Пари нема да има ако ги чистите трошките од маса  со рака..

За во куќата да има пари, метлата треба да ја поставите со дршката надолу.

Никогаш не го чувајте паричникот празен, во него нека има барем по некој денар.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-22 СЕПТЕМВРИ
Следната статијаВојче Данчевски во народна носија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука