Александар Македонски на фреска во црквата Свети Ѓорѓи

0
448

На падините на Скопска Црна Гора се наоѓа селото Бањани, во општината Чучер Сандево. Тоа е одалечено околу 15 километри од центарот на Скопје. Во него се наоѓа малата црква, посветена на светецот Ѓорѓи. Во внатрешната страна на црквата стои напис од кој дознаваме дека црквата е завршена во 1548/49 година, во време на султанот Сулејман. На влезот во црквата Свети Ѓорѓи,  на целиот фронт од источниот ѕид на припратата, е насликана композицијата „Страшниот суд“ од познатиот мајстор на иконописот Дичо Зограф чиј потпис стои над западната врата која води до иконостасот. На фреската „Страшниот суд“, која изобилува со динамика и колирит, е насликан и познатиот крал Александар Македонски заедно со кралевите Дариј, Пор и Кир. А дека се работи токму за тие кралеви авторот на делото се погрижил на секој поединечно над главата да го напише неговото име: Цар Пор, Цар Дариј, Цар Кир и Цар Александар. Под нозете на секој од кралевите ги насликал митолошките суштества кои ги симболизираат царствата: Римско, Вавилонско, Персиско и Македонско. Под нозете на Цар Александар е прикажан лав над кој пишува  Македонско царство. Целиот приказ е толку добро насликан и јасен што не остава простор за сомнеж дека Дичо Зограф го насликал токму Александар Македонски.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука