Санде Џиковски, со дел од неговото потесно семејство старејко на свадбата на Орде и Душка Николовски.
Покрај Санде, на фотографијата се и неговата сопруга Младенка,синот Боре,снаата Борјанка ,ќерка му Верче и внуците Аце и Лиле.
За ваква прилика вообичаено било старејкото да носи така наречен „поклон“кој се состоел од печено прасе или јагне,вино,ракија,бонбони,леблебија и друг вид мезиња.
Од сето тоа најкарактеристично е носењето стебло со повеќе гранки набоцкно со јаболки , што симболизира ширење на семејната грана,родот,семејството , како и плодност изразено со јаболките .
Обично во тоа време кога била и оваа свадба околу 1970 година свадбите се правеа дома ,а кога ќе пристигнеше Кумот или Старејкото музиката ги пречекуваа уште на порти .
А, имало и такви случаи кога со музика се одело до домот на старејкото или кумот во музичка пратња тој со семејството да дојде на свадбата.
Трубачот од овој музички состав,беше еден од најдобрите во цела скопска околија се надевам генерациите родени пред 1950 година дека сите ќе го препознаат..