Зошто се крши погача на свадба

0
168


Обичајот на кршењето погача од страна на родителите на младоженците за време на свадбените веселби апсолутно го има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска свадба на која не се прави овој обичај. Меѓутоа, малку е познато дека овој обичај претставува чист античко-македонски обичај.На насловната Фотографија осватувањето на Гоце Јовевски и Санде Аврамовски од свадбата на нивните деца , син на Гоце и ќерка на Санде
Добриот познавач на животот и делото на Александар Македонски, германскиот историчар Урлих Вилкен, во своето дело “Александар Македонски”, опишувајќи ја свадбата на Александар и Роксана, пишува:
“Александар и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на Александар во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. “
Значи, суштината на овој обичај е кршењето, т.е. сечењето на погачата (лебот) за време на свадбениот ритуал. Симболиката на овој обичај тешко дека може да биде протолкувана, но факт е дека станува збор за автохтон античко-македонски обичај.
Текстот преземен од:https: //forum.kajgana.com/members/macedoniansun.24526/

Претходниот артикал,Фотографија од Ноември 1983 година
Следната статијаДел од Илинден и Марино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука