ЗОШТО СЕ СТАВА ПАРИ ВО ОБУВКИТЕ НА НЕВЕСТАТА
Пари во чевлите на невестата значи богатство
На секоја свадба деверот купува кондури-чевли за невестата и на самиот ден на свадбата еден од адетите е деверот да става пари во обувките – кондурите на невестата.Сето тоа се прави под изговор дека кандурата е голема,па со парите да се направи пополнување на обувката.
Но. зад овој адет стои старото верување дека ставањето пари во чевлите на невестата претставува богатство откако ќе бидат во брак. Значи живот без празнина живот исполнет со богатство изразено преку парите што се ставаат во обувките на невестата.