ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО СЕИДБА НА ЖИТО

0
227

 

СЕИДБА НА ЖИТО
Од верскиот празник Св.Симеон 14 септември ,започнувала припремата на земјата за наредната сеидба на земјоделските површини.Се сметало дека ако орањето заврши до „Крстовден “сеидбените работи ќе се обават во оптималниот рок за таа работа.
Од 27 септември „КРСТОВДЕН “започнувале ,а до 27 октомври „ПЕТКОВДЕН“ се сметало дека треба да завршат сите сеидбени работи. Сепак тој оптимален сеидбен рок зависел и од подрачјето , на пример во скопско најдобар рок за сеење се сметало неделата преди неделата по Петковден „ПЕТКОВА РУКА“. Со сеењето се започнувало на полна месечина и рано наутро. На првото засејување (почеток на сеењето), роговите на стоката и јаремот на запрегата се кител со босилок, додека орачот на кажи прстот и на рачката од ралото замотувал црвен конец. Орачот се облекувал во најнова празнична облека (руба). Потоа, пред да го стави семето во вреќата, го ставал венчалниот прстен на домаќинката. Според традицијата и востановените верувања, посебно се внимавало, пред да се замине на сеење, да не биде виден од никого, за, како што се верувало, да не го виделе “лоши очи”. Доколку, пак, некој попатно би му го пресекол патот, тогаш орачот се враќал дома и засејувањето го одлагал за друг ден. На нивата се изнесувала храна и пијалок, најчесто сукано. Таму, исто така, се појадувало и ручало. На ручек биле поканувани и сите соседи кои, исто така, работеле на своите ниви и биле во непосредна близина на нивата каде се ручало. Исто така, и на децата, што го напасувале добитокот по полето, им се давало од ручекот и пијалакот.
Меѓу населението било раширено и убедувањето дека годината ќе биде родна и бериќетна, доколку во првите заорани бразди слетала некоја птица. Покрај ова, на овој ден не се давало ништо на заем за да не се даде “среќата (ксметот)” на друго лице, а доколку домаќинот пак имал било каков долг кон друго лице, веднаш се раздолжувал.
Претходниот артикал,ЗОШТО СЕ СТАВА ПАРИ ВО ОБУВКИТЕ НА НЕВЕСТАТА
Следната статијаВерувања при изградба на куќи

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука