ДЕНЕС СЕ ВРШИ КРШТЕВАЊЕ НА ВОДИТЕ,ПРЕД УТРЕШНИОТ ГОЛЕМ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ!
Осумнаесетиот
ден од Јануари, православниот народ го слави Крстовден.
Денеска е зимскиот Крстовден, ден кој се слави
во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници
постат.
Денес радувајте сe, еве зошто:
Овој ден меѓу народот е познат како Водокрштение
или Водпоост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се
осветува) водата, а Водопост веројатно се добило
од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како
што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и
крстот и се прават последните подготовки за празникот.
Денес радувајте се, имаме толку многу работи поради
кои мораме и требаме да се радуваме и да му се заблагодариме на Бога. Она што е
навистина важно(семејството, децата, здравјето, здрави и живи родители,
пријатели) често не го земаме како најголем приоритет а всушност треба, тоа е
она на што треба да сме благодарни.
Размислете добро што е она што вистински ве прави
среќни, подигнете ја главата кон небото и искрено заблагодарете се на Бога.
Но, најнапред, не заборвајте да се радувате.
Радувајте се секој ден, радувајте се затоа што е Крстовден, затоа што сте
здрави, затоа што имате некого кого го сакате и кој ве сака.







































