Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела. Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно започнува постот) . Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.
Овој период на „полесно постење“е претходница на најстрог и најдолгите Велигденски пости (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.