НА МАКАВЕИ СЕ ОДРЕДУВАЛО КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА

0
1072
*СПОРЕД НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА НА МАКАВЕИ СЕ ОДРЕДУВАЛО КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА
14 Август – верски празник МАКАВЕИ/
Од овој ден 14 до 25 август, и наредните 12 дена се гледало какво ќе биде времето во наредните 12 месеци. На првиот ден, односно на 14 август, се гледало какво ќе биде времето за месец ноември, на 15 август за месец декември, на 16 август за месец јануари и.т.н., односно, се до 25 август кога можело да се види какво ќе биде времето за месец октомври наредната година. Начинот на гледање на времето за секој месец пооделно се правело четири пати на ден и тоа:
од 00 до 6,оо т на 14часот август се гледало какво ќе биде времето во првата недела од ноември,
од 6.оо до 12.00 на 14 август се гледало какво време ќе биде во втората недела од ноември,
од 12.00 до 18.00 на 14 август се гледало какво време ќе биде во третата недела од ноември, од 18.00 до 24.00 на 14 август се гледало какво време ќе биде во четвртата недела од ноември, а потоа, истата постапка се повторувала и за другите месеци во годината. Овие прогнози се базирале и се определувале според месечината, ѕвездите, соцето, временските прилики, ветерот, дождот и друго во моментот на гледањето.
Ова веруваање е од скопска блатија,податоци од Киро Младеновски од Илинден.
Претходниот артикал,Од макавеите започнува враќање на птиците преселници
Следната статијаСува река единствена река на подрачјето на Илинден.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука