МЕЃУ НАРОДОТ СЕ НАРЕКУВА И ЦРН СВЕТИ ЈОВАН(СТРОГ ПОСТ)
Смртта на светиот Јован се случила пред големиот еврејски празник Пасу. Царот Константин и царицата Елена изградиле црква во Севастија на 11 септември , и поради тоа овој празник е земен за празнување на овој ден.
Со примерот на отсекувањето на главата на свети Јован во текот на забава полна со алкохол и заблуда, се покажува колку човечкиот мозок може да биде зол кога е помрачен со грев.
Кај нас овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи христијански празници, кои нашиот народ посебно ги почитува.
Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.
Се избегнува каква било работа, како надвор, така и внатре во куќата. На денешен ден целото семејство пости, а народот се собира во храмовите на литургија
Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот:
Црквата св. Димитриј, Пиреја
Музејот Бенаки, Атина
Собата со свети мошти, Музејот Топкапи, Цариград (десната рака)
Џамијата Умајад во Дамаск, Сирија
Манастирот Цетиње, Црна Гора (десната дланка) и
Бигорскиот манастир,св. Јован Крстител, Македонија (дел од дланка)