Преподобен Јоаким Осоговски се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.
Житието на Јоаким Осоговски е зачувано во неколку ракописи, а најстариот потекнува од (XIII минеј) па од XV век кој бил пронајден во Синодолната библиотека во Софија. Но овој ракопис не бил целосен. Постои и белградски препис од XVI век кој бил повеќе пати реиздаван со српска рецензија. Инаку Стојан Новаковиќ сметал оти житието било составено некаде во XV или XVI век, кога дошле Турците, бидејќи во текстот се споменуваат разрушувања на манастири од страна на Агарените. Но, поради тоа што во сите преписи овој сегмент со Турците не се среќава, сосем оправдан е ставот на Иванов кој смета оти овој сегмент е вметнат подоцна. Во разновидните преписи на житијата и списите Јоаким се ословува некаде како Осоговски (според планината Осогово), а некаде како Сарандопорски. Во однос на времето во кое живеел Осоговски има повеќе претпоставки, така според Иречек Јоаким живеел во XI век, а умрел некаде кон крајот на истиот век.
Житието не посочува од каде дошол Јоаким во Осогово. Биографот забележал “светителот се устреми како многу светла ѕвезда од запад кон исток и пристигнал во Осоговските планини и пустини”.