Свети Игњат

0
386
На 2 јануари се празнува Свети Игњат
Ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.
„Вистинските” бадникови и божикни обичаи почнуваат денеска, на втори јануари со празникот Св. Игњат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.
Игњат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.
За денешниот ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.
Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на денешен ден да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е утре да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

 

Претходниот артикал,Девојки во народна носија од скопска блатија
Следната статијаДетска игра со класинки

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука