„БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“

0
306

Денес е Богојавление – јавувањето или објава на Бога, се случува во глувото доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветовите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето. Во овој момент, сите води на светот престануваат да течат, а оној кој ќе се најде на отворено, и го види отворањето на небото, може од Бог да бара исполнување на желба.
Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан
Според христијанското верување, нво 30-тата година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со неговата мајка Марија и нејзиниот маж Јосиф, кога го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан.
Според Библијата, веднаш по крштевањето, а тоа е објавено со потопување во вода три пати, небото се отвори и се чул гласот на Отецот Бог, кој соопштил дека Исус е неговиот син, а потоа на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Крштевањето на Исус го означи почетокот на неговата мисија и проповедта.
Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници.
Вековни традиции и верувања
На овој празник речиси секоја домаќинка спрема пивтии или како што се нарекува во Илинден пача.На овој празник месното население практикувало, за добро здравје за цела година, првото утринско миење лице да го обават на селската чешма, бунар, пумпа и слично. По миењето, на прагот од влезната врата се поставувала секира и жар врз неа. Потоа, на прагот од влезната врата, домаќинката сите членови на семејството ги попрскувала со босилок натопен во вода. Истовремено, на секој поединечно му била ставана лажица на главата, со која требало да го прескокнат прагот на куќата каде веќе се наоѓала секирата со жар. По скокањето, се гледало во каква положба ќе била паднатата лажица. Ако лажицата била падната на лице, тоа бил добар сигнал, но, ако била падната наопаку, според верувањата, тоа бил лош сигнал, поради што дотичното лице морал постапката да ја изведе уште еднаш.
На овој ден, точно напладне, скоро сите помлади жители на селото заминувале во Скопје за да присуствуват на фрлањето на осветениот крст во реката Вардар. При ова, треба да напоменеме дека досега двајца жители од Населба Илинден имале среќа да го фатат крстот во реката Вардар. Во 2006 година крстот го фатил Аце Пешевски, а во 2007 година Влатко Петровски. Ова, секако било и повод, чинот на фрлање на крст од 2010 година да започне да се практикува и во Општина Илинден. Местото каде се фрла крстот е езерцето во хотел „Белви„. Организатори на оваа манифестација, која е масовно посетена од сите жители на Населбата и пошироко, се Општина Илинден и црквата „Св. Константин и Елена„
Според мислењето на многумина, за Водици ги имаме најубавите традиции, а празникот се карактеризира со голем број на други верувања од минатите векови.
Се верува дека немажените девојки, ако стават огледало под перницата на 18 јануари вечерта, ќе го сонуваат човекот за кого ќе се омажат.
Исто така, во некои делови, младите девојки замесуваат од тесто три-четири топчиња и во три од нив ставаат ливчиња на кои се испишани имињата на нивните симпатии. Четвртото е празно. Потоа топчињата се ставаат во вода која врие, и првото топче кое ќе исплива, го носи името на љубовта таа девојка. Ако исплива празното топче, тоа значи дека девојката сеуште не го сретнала човекот на својот живот.
Се верува дека за време на Водици се предвидува и какво ќе биде времето цела година. Ако утре има силен мраз или паѓа снег, годината ќе биде плодна. Ако, сепак, биде сочнево, годината ќе биде сува. Ако на 19 јануари е дождливо, во текот на целата година ќе има многу врнежи од дожд и поплави.
На овој ден се осветува вода за која се верува дека има лековити и чудесни својства и се нарекува Богојавленска вода. Верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година.
Богојавление се празнува низ цела Македонија со традиционално пливање по крстот за Водици.
Се разбира, постојат и луѓе кои мислат дека сите овие традиции само се суеверие и глупост. За некои од нив Македонската православна црква вели дека се пагански. Меѓутоа, сите го издржале тестот на времето и опстојуваат и денес.
Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна … и имајте малку вера!
Тоа не може да боли!
 
 
 
 
 
 
Претходниот артикал, Стара нова година- Василица и Обрезание на Исус Христос
Следната статијаСВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука