Св.Великомаченичка ВАРВАРА

0
647
Св.Вмч.ВАРВАРА
Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченица Варвара. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас. Затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година.

Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.
Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

ВЕРУВАЊА

На овој ден се подготвува пченица за варење. Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник”. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесен полез”, поради што покануваат луѓе кои се сметаат за среќни, први да дојдат наутро и да бидат полезници, за претстојната година да биде среќна.
Верување меѓу народот е дека не се оди никаде на гости на овој ден, дома се седело. Се верува дека денес кој прв ќе ти влезе дома таква ќе ти е годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет.

Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл . Поради тоа и обичаите и верувањата што се изведуваат на тој ден се во таа насока

Варење жито на овој ден,најчесто во ѓезве вареле пченка и пченица (мешан бериќет) и сите од куќата каснувале утрото пред да одат на работа. Тоа се правело за да не се запече полето да биде влажно како водата во ѓезвето и да тера бериќетот. Истиот ден се јадел варен грав за да не го тепа град полето.

Се верува дека од Варвара до Игнат денот се кревал колку врв од игла.

Исто така, се сади и жито во плиток сад или чинија, кое ќе зазелени до Божик .
Претходниот артикал,Свети Ѓорѓиј -Победоносец!
Следната статијаСвети Никола

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука