Св. Лидија Македонка

0
586

Македонска светица, првиот христијанин во Европа, покрстена од Апостол Павле.

Родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век.

Нејзиниот сопруг не се спомнува па се смета дека е вдовица. Кога го чу Евангелието и стана прв човек во Филипи, во Македонија и во Европа, кого светиот апостол Павле го обрати во верата. Се мисли дека била прозелитка, но го почитувала Бога, па го напушта многубоштвото и се покрстува таа и нејзините поблиски роднини. За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија, Духот Свети не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, слегоа во Троада.

Апостол ПАВЛЕ ја крсти првата МАКЕДОНКА ЛИДИЈА

Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ (Дела 16, 7–9). Надвор од градот Филипи при една река, сведочат апостолите во Делата Апостолски, беше едно место каде што доаѓаа од градот оние што имаа обичај да се молат. Меѓу таму насобраните жени Господ ѝ го отвори срцето на богобојазливата Лидија да внимава на зборовите Павлови. А кога се крсти таа и целиот нејзин дом, ги молеше кај неа да живеат Павле и оние што го придружуваа (апостолите Сила и Тимотеј), велејќи: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.” (Дела 16, 15). Според преданието, Лидија станала ѓакониса во Филипи, а нејзиниот дом бил претворен во дом за молитва, односно во црква, и тоа е првата христијанска црква на тлото на Европа.

Претходниот артикал,Планински врв Љуботен
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-9 АПРИЛ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука