Велики Четврток

0
366


На Велики Четврток рано на сабајле пред изгрејсонце обичај е вапцувањето на три велигденските јајца. Се верува дека:

-Првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце.

-Второто  јајце е наменето  за домаќинот– главата на семејството.

 -Третото јајце е наменето за  имотот,стоката и бериќетот.

Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро во четврток пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат.

Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години.

Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Претходниот артикал,Ф.К.БУНАРЏИК-1977г.
Следната статијаСтанка Дончевска во улога на водителка

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука