СВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР -ПЕТРОВДЕН 

0
777

СВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР -ПЕТРОВДЕН
Роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.
Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на Христијанството е и светиот апостол Павле.
Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува.

Народни Верувања:

На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат врзопи направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.

Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијаните врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.

Порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои во мугри ги разнесуваат за покојните.

Обичај е да се меси колач со јаболки.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува.

На овој ден според некои верувања може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некои го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Денес именден слават:Петар,Петре,Петрун,Петранка,Петра,Пера,Петруна и како селски слави Петровден се слави во неколку наши околни села Ајватовци,Брњарци,Јурумлери и други

Претходниот артикал,СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ ВАРТОЛОМЕЈ И ВАРНАВА (ВРТОЛУМ)
Следната статијаСВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ – ПАВЛОВДЕН и Собор на Славни сефални Апостоли

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука