Св. Свештено маченик ИГНАТИЈ БОГОНОСЕЦ,се празнува на 2 јануари .
Игнатиј беше ученик на Св. апостол Јован .Во времето на Трајан Игнатиј беше епископ во Антиохија .На едно свое пропатување ,цар Трајан дошол во Антиохија ,пред него го изведоа овој славен епископ ,а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим..Патувајќи кон Рим,Игнатиј ги храбрел христијаните низ градовите низ кој поминувал.Во Рим ,Игнатиј бил фрлен на зверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА:
Во народното верување се смета дека на овој ден започнале породилните болки на Пресвета Богородица.За овој ден се верувало дека е одлучувачки за тоа што ќе ви случува во текот на целата година ,бидејќи постои верување дека она што ќе го правите на тој ден ,ќе го правите цела година.За да се заштитат од лоши луѓе некогаш постарите ги заклучувале дури и вратите да не им влезат лоши луѓе и лошо да им оди цела година.На овој празник не се дава ништо на заем ,бидејќи тоа ќе им се случувало цела година.Спротивно од ова пак лошите луѓе особено бабите намерно оделе во некоја куќа да позајмат нешто ,само за да на добрите луѓе лошо им тргне работата во текот на годината.На овој ден не треба сте нервозни и да решавате некакви семејни или друи проблеми –расправии,се гледало секој да е насмејан ,весел ,а на секој што не го правел тоа требало да му се насмеете.
Се верувало дека тогаш почнува да расте денот онолку колку што скока петелот на прагот и оти каков што ќе биде овој ден таква ќе ви биде и целата година. И со овој празник се врзува обичајот полазник – за оној што ќе влезе прв во куќата се верува дека носи среќа или несреќа. За младо и убаво момче или девојка се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба нема да оди најдобро.