„КОЛЕДЕ“ 

0
437

„КОЛЕДЕ“

Коледарските поворки  се одвиваа во раните утрински часови на 6 јануари. На овој ден, младите коледари со посети по куќите во најавувале Христовото доаѓање. Накратко ќе го опишам начинот како се одбележувало порано Коледе  во Населба Илинден, на ширинката пред  црквата ноќта 5 спроти 6 јануари се собирале машки деца од 7 до 15 годишна возраст. Се палел голем оган околу кој биле сите коледари пред пред нивното тргнување по куќите во селото.

Тогашната територијална поделба на селото беше на три дела ГОРНО МААЛО-северно од каналот,ДОЛНО МААЛО-јужно од каналот и ПЛАЦ.Секое маало имаше посебна коледарска група и без мешање, секоја си дејствуваше на „својата“територија.Коледарските групи содржале и по 30-50 деца,најмалите оделе во средината ,а поголемите околу нив,да ги бранат . Се пееле општо познатите коледарски песни и се извикувало познатото „Коледеееее“- за куќата,домаќинот ,имотот,секоја домаќинка пред куќата истурала жар ,а коледарите со врвот од стаповите удирале во жарот го ситнеле, што асоцирало на кокошкиното колвање на жито за натамошното (симболично) богато и бериќетно виреење на живината на сопственикот. Секое дете коледар, од домаќинот било дарувано со коштани, орeви, јаболка, благо и по некоја паричка.Денес за разлика од тогаш таквите поворки не се организирани ,дејствуваат многу коледарски групи во помал број коледари и женски и машки деца .

Претходниот артикал,Св. Свештено маченик ИГНАТИЈ БОГОНОСЕЦ
Следната статија„БОЖИК“-ДЕН НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука