Во Скопје има едно ридче наречено Гази Баба ,по тоа име именувана е и една скопска општина ГАЗИ БАБА во чиј состав биле сите села од денешна општина Илинден од 1976 до 1996 година.
Како и по кој повод настанало името Гази Баба во понатамошниот текст.
Доколку го погледнеме ридот Гази Баба на сончев ден, ќе забележиме една блескава точка која отскокнува од густата шума. Тука, речиси на врвот на брдото, е закопан османлискиот поет, научник и кадија Ашик-Челеби, познат како Кади Баба или Гази Баба.
Вистинското име на Гази Баба е Мехмед Али ел Натаи. Тој бил судија на неколку места во Турција и на Балканот, а неговата последна позиција била во Скопје, каде што и починал во 1572 година. Дал голем придонес за османлиската литература преку преведување на голем број дела од арапски на турски, но и со неговата поезија и биографски текстови.
Тој бил погребан во Скопје на ридот кој денес го носи неговото име – Гази Баба. Изворите укажуваат дека неговиот гроб бил почитуван и често посетуван од народот, па дури имал и свој чувар, турбедар.










































