.
Овој ден
започнал да се одбележува прво во САД во 1986 година, но подоцна бил прифатен
од многу држави низ светот.
Прегратката е најтопол допир што може да не
утеши, да ни пружи сигурност, да ни покаже љубов и нежност, да ја излечи
тагата. Психолозите тврдат дека дневно ни се потребни 4 прегратки за
отстранување на емотивната истрошеност.
ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ГУШКАМЕ?
- Гушкањето го подобрува расположението, бидејќи го поттикнува производството на серотонин.
- Го намалува крвниот притисок.
- Прегратките подолги од 20 секунди го намалуваат стресот.
- Гушкањето го зголемува емотивното поврзување.
- Гушкањето ја намалува вознемиреноста .
- Гушкањето го зголемува чувството на сигурност, безбедност, доверба, самодоверба, среќа и заемнa почит.
- Брачните парови кои почесто се гушкаат се подолговечни од оние кои не го прават тоа редовно.
- Гушкањето е бесплатно!








































