Во Македонија , а и во соседноте земји се практикува мајката и бебето до 40-от ден од неговото раѓање да не излегуваат од дома, а исто така освен поблиските, дома не доаѓаат гости.
Се верува дека бебето не смее да биде надвор ноќе, па дури ни во мрачката, односно по заоѓањето на сонцето!
Според верувањата штом ќе почне да паѓа вечерта, небото се затемнува, бебето и мајката треба да се засолнат во куќата бидејќи ноќта е време за немирни души кои демнат наоколу и може да им наштети на бебињата и да предизвика телесни повреди.
Верувале или не, ова верување навистина има свои корени длабоко во историјата кога луѓето верувале во духови и демони и верувале дека зајдисонцето е отворање на портата на злото кон нашиот свет. И така, со текот на времето се пренесе верувањето дека бебињата и мајките не треба да бидат надвор кога денот и ноќта се мирни.
Откако ќе се роди бебето, се оди во црква и се зема мала молитва и крстена вода. Во водата во која се капи бебето треба да се стави од крстената вода, и мајката треба да се напие од неа. Доколку остане крстена вода последниот 40-тиот ден, тогаш таа се истура во земја.
Во принцип, скоро во сите градови низ Македонија се почитуваат оние познати 40 дена кога мајката и бебето не треба да излегуваат од дома, ниту пак треба да ги посетуваат.
После 40-те дена, најчесто се зема голема
молитва.
Во текот на овие 40 дена мајката се смета за „нечиста“, такашто не смее да има
интимни односи.
Исто така, после 40-тиот ден бебето може да го посетуваат и другите луѓе.
Причината поради која се чекаат 40 дена најчесто е заштита од било какви
инфекции или пак урочувања и магии како што голем дел од луѓето милуваат да
кажат.
Во текот на 40-те дена мајката не смее да суши алишта надвор после заоѓањето на
сонцето, и не смеат да излегуваат после заоѓањето на сонцето.
Кога
станува збор за посетување на бебето, жените не смеат да имаат месечен циклус,
за бебето да не се нафрли. Доколку имаат, треба да му шепнат на уво на бебето
за да се избегне нафрлање. Исто така, гостите не смеат да доаѓаат навечер, само
во текот на денот затоа што ако влезат во темно, тогаш му носат темно и со тоа
магија и духови. Мајката во текот на тие 40 дена не смее да вели пријатно, од
куќата не се изнесува ништо, не смее да подава преку маса ништо ниту пак да
испраќа некој за да не ѝ секне млекото.
Против урочување мајките треба да им врзат црвен конец околу рачето на бебето , некој друг белег да одвекува внимание на
посетителот со цел детето момалку да биде гледано ,или пак да се стави чорапче
однопаку.