Оваа градба е завршена во 1938 год. како сопственост на браќата Дикиџијан кои биле трговци со ерменско потекло познати по производството на свилени шамии во Скопје. Градската легенда вели дека Агоп Дикиџијан ја гради оваа вила како подарок за својата невеста Агавни. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал„А.Д“
Во 1964 година, „Арапската куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.
Сопственици Сопственици на оваа убава градба низ времето биле: фамилија Дикиџијан, Рустем Бег, Димитар Влахов, „Македонија Турист“
Покрај други стари градби во Скопје,таа го преживеа скопскиот земјотрес во 1963 година.








































