МАКЕДОНСКИ KИНЕСКИ ЅИД

0
90

Ангеле Ангелески (1924 – 1991) од селото Чаниште, Прилепско,  изгради голем ограден ѕид од камен, со кој загради една своја парцела во атарот на селото Чаниште.

Ангел  оспособен за земјоделец, сточар, пчелар, дрводелец, но и ѕидар. Тој го започнал својот подвиг, кој му беше замислен како големо постигнување, кое ќе биде единствено во овој дел од Балканот, а кое ќе му служи и за неговиот опстанок, како и опстанокот на семејството, добитокот и пчелите.

Работел полека, но упорно и секој ден, освен во празниците.

 Постојан придружник му била неговата сопруга Јованка Ѕидот полека „растел“. Најпрво од едната, па од другата страна на долот и се оформуваше неправилниот круг околу парцелата.

По 5 години ѕидот беше речиси завршен. Оваа градба влезе во книгата „Македонски гинис“, објавена во осумдесетите години на дваесеттиот век.

Според она што е запишано во книгата на македонски гинисови рекорди, ѕидот е со должина од 1500 м, височина 1,5 м . Целиот ѕид  е покриен со големи камени блокови, помалку или повеќе оформени.

Претходниот артикал,ПАНУШКОВИ(РАЕВИ)-ИЛИНДЕН
Следната статијаПЕШКИ ОД РУСИЈА ДО АМЕРИКА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука