НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

0
128

  

Името Пелистер

Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древномакедонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“. Кованицата бели+стени= белистени=пелистер е една од можните варијанти за потеклото на името Пелистер. Исто така, има мислење дека името „Пелистер“ е кованица од бел+истер= бел-истер = пелистер.

 

Шума на планината Баба

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 17.150 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија. Повторно е прогласен за национален парк во 2007 година при што неговата првична површина од 12.500 ха е зголемена на сегашните 17.150 ха. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 m).

Хидрографија

Од хидрографските објекти, со посебна природна привлечност се двете глацијални езера, Пелистерски Очи – Големото и Малото Езеро на Пелистер, исто познати како „Горски Очи“

ФЛОРА и ФАУНА

Дел од флората на Пелистер

Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на Национаниот Парк  Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски, а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата – автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри.

Претходниот артикал,На денешен ден-5 октомври
Следната статијаМлади фолклористи при ООУ-Гоце Делчев-во 80-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука