Групна уметничка изложба на која со своите дела ќе се престават уметници кои живеат или потекнуваат од Илинден.
Во 2016 година во Домот на Културата во населба Илинден се одржа првата ваква изложба, и истата веќе се одржува седум години.
Иницијативата што ја покрена нашиот Академскиот сликар Новица Трајковски и уметничкото семе што го „посеја“ тој веќе дава резултати, за само седум години од првата изложба, бројката на уметници кои изложуваат постојано се зголемува.
Целта на ваквите изложби е нашите уметници, да добијат прилика да ги изложат своите уметнички дела и да се потикнат во нивно понатамошно творење.
На престојнава изложба воглавно љубителите на уметноста, ќе имаат можност да проследат многу уметнички дела во кои застапени се повеќе уметнички стилови од разни области од: реализмот,надреализмот, македонскиот фолкор портрети, иконописи и фрескописи, мотиви од природните убавини и пејсажите, вајарството, резба и друго.
Изложбата ќе се одржи во домот на културата „Илинден“ нас. Илинден на 27 Јули 2023 г. со почеток во 19.30 часот,влез слободен.