Двоглавиот орел – потекло и значење

0
55

Како и сите други тотемски симболи, двоглавиот орел веројатно потекнува уште од древното, праисториско минато на човештвото. Во обид да го разбира и контролира светот околу него, праисторискиот човек барал објаснувања во природата, а најчесто давајќи им митолошки и натприродни својства на животните, како на орелот, волкот, лавот, змијата итн. Во такво својство двоглавиот орел првпат се среќава и во историскиот период, во Сумерската цивилизација, а понатаму и во старата Персија и Индија.

Фамилијата Кастриоти, земјопоседничка фамилија која подоцна стана вазал на Отоманската Империја, во чија верзија двоглавиот орел бил црн, поставен на црвена заднина. По неколку векови, кога нејзиниот најславен потомок, Ѓерѓ Кастриоти, реши да се крене на востание против Отоманската Империја и прогласи независност од неа, знамето кое беше кренато за да го замени отоманското беше токму ова знаме на неговата фамилија.

Двоглавиот орел во различни варијации денес е симбол содржан на државните знамиња или на грбовите на повеќе земји: Албанија, Србија, Русија, Црна Гора, едноглав орел има и на знамињата на Австрија, Германија, Полска, Чешка, Романија… Се среќава и на многу христијански обележја особено на териториите што во минатотото биле под власт на Византиската империја. Фигура на двоглав орел-симболот на Православието, бронза, околу 1370 година, дел од средновековниот хорос имало  во Марковиот манастир, Маркова Сушица, Скопско. Денес се наоѓа во Народниот музеј во Белград.
Бронзените хороси се еден вид на црковни лустери и често биле украсувани со медаљони со двоглав орел како симбол на Православието, низ целиот Балкан, и се среќаваат до XIX век.Делови од текстот преземени од Утрински и Мак Прес.

Претходниот артикал,Јагода Стојанче и Станка-1982
Следната статијаИстакнати фудбалери-млади репрезентативци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука