ПЕШНА,ПЕШТЕРА ОД ПРИКАЗНИТЕ.

0
891

ПЕШНА,ПЕШТЕРА ОД ПРИКАЗНИТЕ.

Според легендата, Марко Крале и изградил куќа на својата сестра Пешна на влезот од пештерата, па така таа и денес го носи нејзиното име. На влезниот дел дури и може да се видат остатоци од стара градба и воденица.

Пешна е пештера со најголем отвор на Балканот со висина околу 40 метри, кој дозволува сончевите зраци добро да ја осетлуваат нејзината внатрешност, па така посетителите можат слободно да се движат низ внатрешноста. Широка е 56 метри, а долга 124 метри. Од внатрешниот дел извира вода која во летниот период целосно пресушува.

Пешна е оддалечена околу 7.5 км од Македонски Брод. По исклучувањето од регионалниот пат R1106, од левата страна ќе видите патека која можи да ја користите доколку сакате да пропешачите до пештерата. Патеката е добро уредена и е во должина од околу 900 метри и минува низ малото манастирче Св. Архангел Михаил. Можите да продолжите и право со автомобилот до ресторанот Дедо Илија, од каде има околу 400 метри пешачење до пештерата. Патеките се добро уредени, но внатре во пештерата знае да биде лизгаво па се препорачува носење на соодветни обувки. https://off-road.mk/peshna-peshtera-makedonski-

 

 

Претходниот артикал,Обичајот „китење“на младоженецот
Следната статијаФ.К.Мршевци од Мршевци од 80-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука