Грбот, како симбол на град,држава,па и на разни здруженија и клубови постои одамнина до денес и тука ништо нее е чудно.
Денес, ќе Ви преставиме еден грб на едно село од нашата средина- АЈВАТОВЦИ, точно не е утврдено дали се работи за грб на селото или за некој од верските објекти кај нив,но сепак предизвикува внимание затоашто тој е прв ГРБ кој се сретнува во нашата средина за населено место.
Од тоа што може да се види грбот симболизира:
-Двата крста за двата верски објекти во селото или пак дека таму живее христијански население.
-Сонцето во две верзии како еден од нашите симболи низ вековни и милинеумски периоди.
-Класот жито како главна наша култура или пак нешто што асоцира на жетва поврзано со еден од верските објекти Св Петар и Павле(На Петровден започнувала жетвата и во народот и денес може да се слушне на Петровден до пладне со српот ,а поручек прослава на празникот)
-Грозд како еден од овошни производи со кои е обиколено Ајватовци.
-Дабов лист , дрво кое вирее од селото ,па нагоре во ридските негови предели.
-И бројката 1844 ,што одговара на период во кој не само Ајватовци ,туку и многу други села од опкружувањето кога настанале селата на денешната локација.
Познато е дека постарите места кај што постоеле селата после Австриско-Турската војна 1689 година пострадале од разни болести и други непогоди и обновени се на нови локации блиску до старите.
А, од книгата на Јован Трифуновски „Сеоски насеља скопског Поља“пишува ова подрачје и многу села дека се обновени во период 100-150 години после тој период, што одговара на 1844 год.
За авторот на грбот има сознание дека е црковниот одбор на цркавата Св.Петар и Павле,за време на отварње истиот.