ПИЈАНЕЧКА РЕПУБЛИКА

0
78

Делчевската Котлина или Пијанец — котлина и историско-географска област во источниот дел на Македонија, во горниот тек на реката Брегалница. Котлината има меридијански правец на протегање југ – сеер во должина 15–16 км, а ширина 4–5 км. Пијанец е тектонска котлина што настанала помеѓу планините Влаина од исток, Голак од запад и ограноци од Осоговските Планини на север.

Во јануари 1878 година, незадоволен од насетуваниот епилог за Македонија од Руско-турската војна, во Пијанец влегол војводата Дедо Иљо Малешевски со 150 соборци, кому подоцна му се придружила и четата на Димитар Беровски, по што се создала Пијанечката Република, за која малку се знае, со востаничка власт, селски старешини, совет на народни првенци, полициски стражи, опстоила до крајот на март, период во кој населението во Пијанец живеело слободен живот

Пијанечката Република била создадена во јануари 1878 година, по влегувањето на руските сили во Ќустендил. Незадоволен од развојот на настаните во врска со епилогот за Македонија од војната, војводата Илија Марков или Дедо Иљо Малешевски (1822-1898) со четата од 150 борци, на која потоа и’ се придружил и Димитар Поп-Георгиев Беровски со соборците, дошол во Пијанец, од кој претходно се повлекла турската војска. Останале само башибозучки банди, кои биле разоружани за три дена, откако Малешевски во месноста Ветренски Ливади се состанал со влијателниот буљукбаша Мустафа Брзе.

Пијанеччата Република функционирала се до 30 март 1878 година. На 29 март стигнала вест дека од Виница и Кочани кон Пијанец доаѓа многубројна турска војска, вооружена и со топови, која следниот ден била во Царево Село (Делчево). Непосредно пред да стигне аскерот, повеќе од 150 христијански семејства од пијанечките села избегале кон Ќустендил, Софија и други места, од кои дел потоа се вратиле, откако турските власти ветиле дека нема да има репресалии.Иако е значаен настан од македонската историја, за Пијанечката Република се знае малку.Пишува: Љупчо Шатевски

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 6 Декември
Следната статијаСв. Великомаченица Катерина

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука