* 6 декември 1944г.Погинал на 18-19 годишна возраст,Блаже Трајанов Ѓуровски(кој припаѓал на родот Костадиновци )од Илинден ,во завршните операции на НОВ, храбро загинал во Качаничката клисура.Нажалост бил многу млад и од него немаме фотографија.
* 6 декември 2011.- На 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика. На десетгодишна возраст почна да свири гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставуваше низ цела поранешна Југославија. Во Македонија се врати во 1993 година, а во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освои сите награди со песната „Дали чекаш стара мајко“. Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди. Неколку пати ја доби наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествуваше на турнеи во Европа, Америка и Австралија. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо”… Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.
*6 декември 1872 година во Скопје роден Спиро Георгиев Гаjдарџиев е македонски предприемач и револуционер, скопски деец на ВМОРО Завршува педагошко училиште во родниот град. Влегува во ВМОРО и е меѓу основачите на револуционерното дело во округот, и е член на месниот комитет. Уапсен е од властите и суден на различни начини и тоа 6 пати, два – на смрт, од турците и србите. И двата пати го спасува сестра му Цена Гајдарџиева, првиот пат преку австрискиот, втор пат преку рускиот конзул. Умира 14 февруари 1968 во Софија.
* 6 декември 1927.- Во Ќустендил умре Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓорѓи Пулевски, П. Киновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов, Д. Матов, Е. Спространов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творештво. Каранов е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил, прво од таков вид во Бугарија. Роден е во Кратово, на 25 јануари 1852 година.
* 6 декември 1960 г. починал Јордан Тренков — македонски револуционер.
* 6 декември 1968.- Во Велес се одржаа првите „Детски Рацинови средби“, манифестација во чест на ликот и делото на македонскиот поет Кочо Рацин, а покрај тоа, има за цел да го афирмира детското литературно и ликовно творештво.
6 ДЕКЕМВРИ 1987 г. во Скопје почина Лазар КАЛАЈЏИСКИ-Добри, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, полковник на ЈНА.Во време на антиокупарорската борба бил секретар на Меснит комитет (МК) на КПЈ во Неготино и раководител на Месниот воен штаб, заменик командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Бил избран за делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. Во ноември 1944 г. бил командант на Битолската воена област и како таков, при формирањето на Првата егејска бригада во Битола на 18 ноември 1944 г. му го предал знамето на нејзиниот командант Илија Димовски-Гоце. На 1 декември 1944 г. бил унапреден во чин мајор. Завршил Воена академија, па бил началник за народна одбрана при Владата на НРМ. Бил носител на Партизанска споменица 1941.
* 6 декември 1994.- Во Битола умре Методија Марковски, актер на Битолскиот народен театар. Роден е во 1944 година.
* 6 ДЕКЕМВРИ 2018 на 81 година почина најголемиот театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски. Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008. “Да се зборува за Љубиша Георгиевски е голема чест и привилегија, бидејќи со својата раскошна биографија и со својот повеќезначен влог во македонската понова историја, овој режисер, писател, педагог и политичар е уникатна појава, профил на интелектуалец кој постави лични и професионални стандарди во нашето општествено живеење. Во изминатите 55 години Георгиевски, со својата професионална кариера но, и со останатите активности од голем формат го градеше достоинството на македонската култура и ултимативно ја афирмираше својата држава, Република Македонија крстосувајќи ги светските меридијани
*6 декември почина Ташко Благоев легендата на македонската атлетика, еден од модерните креатори на атлетскиот спорт во нашава земја по независноста.Благоев во својата кариера како спортист, во рамките на поранешна СФРЈ, е запаметен како еден од најдобрите атлетичари од Македонија, државен шампион во атлетските дисциплини. Во тренерската кариера во независна Македонија долги години беше предводник на АК Скопје, тренер на најславните македонски атлетски имиња како Елизабета Павловска, Марина Дамчевска, Трпе Мартиновски…Ташко Благоев во 2014 година е добитник и на признанието за животно дело во македонската атлетика кое му го додели Атлетската федерација на Македонија.