СКОПСКО КАЛЕ

0
296

Скопското Кале е најстариот симбол на Град Скопје и заедно со Камениот Мост се најпознатите белези на градот и неговата историја. Калето како доминантна точка надвиснува на градот во неговото централно подрачје.Скопското Кале е рид кој е доминантно составен од седиментни карпи.Се издига над Вардар и од него има широк поглед на Скопје и на Скопската Котлина и од секогаш било главна стратешка точка за сите владетели. На Кале од секогаш се одвивал живот ,на кое постојат многу археолошки и други откритија. Поради овие причини, во 1987, од Сојузното Собрание, локалитетот Скопско Кале бил прогласен за заштитено подрачје од категоријата Споменик на природата. Ова подрачје опфаќа површина од околу 2 ha. Скопското Кале од кога за прв пат се откриени фосилните остатоци до сега не било палеонтолошки истражувано и нема детални информации за палеонтолошките остатоци што се наоѓаат под него. На ова подрачје сега, се наоѓаат значајни објекти од културното богатство на Македонија како француските воени гробишта и Музејот на современа уметност и друго.Инаку на Кале во минатото се правело одбележувањето на пазникот Прочка каде младите од Скопје и селата од скопска околија низ ора и песни го одбележувале празникот, облечени во народни носии од скопско.

Претходниот артикал,* НА ДЕНЕШЕН ДЕН-6 ЈУЛИ
Следната статијаЅвезда и Севда во 50-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука