ЦАРСКИ ПИНГВИНОТ-најдобар татко
во животинското царство.
Откако женакта на пингвинот ќе снесе
јајца, за понатамошната работа односно до нивно „ведење“ во мали пингвинчиња,
се грижи нејзиниот мажјак . Тој ги затоплува јајцата ,а женката оди на
двомесечна потрага по храна. Мажјакот секогаш ги балансира јајцата под телото,
држејќи ги на нозе. Мажите често се принудени да се соберат во поголеми групи
за да одржуваат топлина. Иако не јадел со месеци, мажјакот-таткото на
изведеното младунче му дава на бебето
прва храна во форма на млеко течност, која ја чува додека мама не се врати со
стомак полн со риба.
Инаку за
животинскиот јазик, на пример, на пингвините,истражувачи од Италија откриле
дека африканскиот пингвин користи исти обрасци на говор како и луѓето.
Научниците снимиле 590 повици за парење кај 28 африкански пингвини од три
различни колонии во италијанските зоолошки градини. Овие повици звучат слично
како рикањето на магарињата, поради што овие пингвини се нарекуваат и магарешки
пингвини.