Историја на новогодишната елка

0
33


Традицијата на китење на новогодишна елка датира од 17-от век и започнува со свеќи како украси, за разлика од денешните традиционални украси кои вклучуваат венец, златно-црвени лампиони и бомбони. Оваа традиција, за првпат се појавува во Германија, кога Христијанските верници започнуваат да внесуваат накитени дрва во своите домови, за да го одбележат Божиќ.

Симболика на новогодишната елка
Секое парче декорација на дрвото, почнувајќи од коренот до самиот врв, има своја посебна симболика? Таа е почитувана од страна на Христијанскиот народ и сеуште се негува, но многумина не ја знаат причината за тоа.

Зошто баш елка?
Нејзините зимзелени листови кои претставуваат симбол на вечната природа и нејзината форма на пирамида се двете нешта што ја прават елката поуникатна од останатите дрвја..

Врвот на елката
Врвот на една новогодишна елка се смета за главен на ангелите и се крунисува со ѕвезда или ангел.

Историја на китење новогодишна елка во Македонија
Иако започнува подоцна, историјата на македонската елка е можеби и поинтересна од другите. Во Македонија, почетокот на украсувањето на елката како одбележување и славење на празниците, датира од средината на 20-от век.

Претходниот артикал,ШАХ СО ЖИВИ ФИГУРИ
Следната статијаИстакнати спортисти од Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука