Кумот и неговите обврски

0
839

*Една од најважните улоги на свадбата ја имаат кумовите. Во минатото кумството се наследувало, а денес најчесто во Македонија, прво се прашува стариот кум на младоженецот дали би сакал повторно да биде кум и да го венча. Во поново време многу почесто кумот е личен избор на самите млади, а тоа е најчесто некој добар другар/другарка на младоженецот или невестата.
Зошто постои кум на свадба?
Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата.
Најчесто, неколку добри прилатели вклучувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие така наречени ”војници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена.
Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата. Се вели дека одбиената понуда да бидеш кум не чини.
Дали можете да бидете кум?
Кум на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата.
Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а.
Кои се обврските и трошоците?
Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците.
Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот.
Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму.
Покрај тортата барем кај нас во Илинден и околните населени места кумот носи порано печено јагне ,а во поново време печено прасе.
Бидермаерот на невестата најчесто и го подаруваат кумовите , и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата.
Во стари времиња кумот како бакшиш обавезно како дар носел бакарна тепсија ,до пред некоја деценија ,кумот носел шпорет,фрижидер,машина за перење,телевизор итн.
Денес како подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари.
Кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него.
Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните.
Должност на младоженецот пред да се оди по невестата со музика да го земе кумот од неговиот дом.
Невестата ги дарувала сите членови на кумовите со „бовчалоци“,комплет од долна облека до килим,јорган или кебе.
За време на верските на поголемите верски празници(Божик,Велигден,Прочка …) младите обавезно оделе на гости кај кумот.
Младите и останатите членови од нивното семејство ,на кумот и кумата и останатите членови на кумовото семејство се обраќале со Куме/Кумо.
Кумовите се сметаат за најважен духовен роднина ,на кој не треба ништо да не му се згреши,за да не дојде до тоа се избегнувало да се купува нешто од кумот(добиток,или друго)само за да не дојде до заладување на меѓусебните односи. За да се избегнат несакани состојби ,се гледало кум да се фати од подалеку ,да не бидат комшии, со единсвена цел да не му се греши нешто на кумот.
Во постари времиња кумот како најважен духовен роднина на младоженците се потврдува и со тоа што ако дојде до нарушување на брачните односи ,кумот ја игра главната улога да ги смири младите .Доколку дојде до нарушени односи до раздвојување на младоженците ,невестата извесно време престојувала во куќата на кумот ,па дури потоа ако не може да се помират младите се враќала кај своите родители.
Постои верување дека кумството не сме да се прекинува без согласност на кумот,до тоа можело со добиен благослов од кумот.

Претходниот артикал,Свадбата на Велко и Тодорка Митревски
Следната статијаСвадба на Симо и Љубица Атанасовски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука