ВИЛИЈАМ АНГЕЛОВСКИ-млад спортист-фудбалер

0
202
ВИЛИЈАМ АНГЕЛОВСКИ-млад спортист -фудбалер
Роден е на 19 јуни 2009 година во Скопје ,живее во Населба Илинден,ученик е на ООУ Гоце Делчев од Населба Илинден.
Љубовта кон фудбалот кај него се јавува од најраната детска возраст и тој од својата 6-та година членува во најмладите фудбалски категории на ФК Вардар од Скопје.
Левата нога му е посилна ,настапува на позицијата лев бек.
Идол на Вилијам му е Роналдо.
Изминатиот период во Академијата на ФК Вардар, стручните лица во младинската школа на клубот преку натпревари ги избраа најдобрите млади фудбалери ,меѓу кои е и Вилијам Ангеловски и ги прогласија најдобри таленти,со што станаа добитници на фудбалски стипендии од Македонски “Телеком“.
Неодамна Вилијам со своите другарчиња од Академијата Вардар ,учествуваше на меѓународниот турнир “DRAGAN MANCE CUP 2018”во Србија.
Овој Куп посветен на рано починатата фудбалска звезда Драган Манце ,спаѓа меѓу најголемите купови за млади деца-фудбалери од 7 до 12 години, со најголем стандард во европа со учество на 188 тимови од 8 европски земји со 2350 учесници, и ќе биде за три дена и близу до 600 натпревари.
Населба Илинден на Вилијам Ангеловски посакува успешна фудбалска кариера.

 — соВилијам Ангеловски.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука