НА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 МАЈ

0
101

*28 мај 1887 год.роден е Јосиф Михаиловиќ-Јуруковски прв Градоначалник на Скопје,роден е  во село Тресонче  од татко Михајло( Мијалче) и мајка Христина. во семејство на ѕидари и зографи. Бил од родот Јуруковци. Малиот Јосиф се описменил во манастирот “Свети Јован Бигорски”, а поради работата на татко си во реонот на Скопска Црна Гора, целата фамилија на Јосиф, кога тој имал само шест години, се преселила во скопското село Кучевиште. Живеел во бурно време на војни. Учествувал во  балканските војни (1912, 1913), а потоа и во првата светска војна (1918 год.).За време на својот, речиси, 10 годишен мандат својата активност ја насочил кон модернизација на Скопје и неговото комунално уредување. На почетокот на  1929 година го направил Генералниот регулационен план на Скопје според идејниот план на Димитрије Т. Леко од 1914 година и извршил геодетски премер на градот. Со цел да го заштити Скопје од поплави, го изградил насипот на Вардар во градскиот парк, како и го регулирал течението на Серава низ Чаир и Топана кои биле често поплавувани. За потребите за електрична енергија на градот, ја изградил термоцентралата под Кале. Свесен за иднината на Скопје, и невозможноста истата да се развива без ел. енергија ја започнал и изградбата  на хидроцентралата  Матка. За таа цел ја изградил прво браната на реката Треска. Во истиот период почнува изградбата на водоводот Рашче, што претставува исклучителен градителски зафат од областа на комуналиите. Во неговиот мандат се градат повеќе училишта и мнозинството капитални објекти, препознатливи како скопски белези. Меѓу нив и Народното Собрание, Општинската зграда,  Градската Болница,  Хигиенскиот завод, Заводот за социјалното осигурување, Старата железничка станица, Народната Банка, Трговско-индустриската комора ( Метропол), Лекарската Комора, Домот на сојузот на инженерите и архитектите, Офицерскиот дом, Конзервната фабрика „Вардар”, бетонските мостови на Вардар и многу други. Починал на 11 март 1941г. на оперативна маса во скопската клиника за време на хируршка интервенција за вадење на слепото црево. Овој градоначалник на Скопје, по потекло мијак , род со докажани градителски способности, е најуспешниот градски татко во поновата документирана историја на градот. За жал,  за таткото на модерното Скопје, граѓаните скоро и да не чуле. Се надеваме дека неговото име и дело, ќе биде повеќе афирмирано меѓу македонската јавност.

* 28 мај,1961.- Во Белград, на стадионот на ЈНА, Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Југославија ,подувајќи го Вартекс од Вараждин со 2:1. Вардар настапи во следниот состав: Одлево: тренерот Антон Лика, непознат навивач, Часлав Божиновски, Тоде Георгиевски, Благоја Вучидолов, Драган Трајчевски – Раптап, Петар Анѓушев, Славко Дацевски
Клечат: Раде Чапаревски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Стојан Велковски – Цојле, Андон Дончевски и Петар Шулинчевски

*28 мај,1805.- Во Берово е роден Илија Марков – Малешевски, роден 1805 во Берово, македонската историја го познава како голем револуционер кој ја бранел својата христијанска вера и честа на своите блиски од неправдите на османлиските владетели. Со своето дејствување станал еден од најистакнатите ајдутски војводи не само во Македонија, туку и на Балканот.Неговата дејност е дел од ослободителните борби во втората половина на 19 век. Учесник е во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско – 1878) востание. Дејствувал најдолго од сите македонски војводи. За своите војнички заслуги е одликуван со српски, руски и бугарски воени одликувања. Умрел во Ќустендил 1898 година. Прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29 април 1898 година

*28 Мај 1918 г.  жена со вретено и фурка од Битола на насловната страница на францускиот весник Le Noel Б,точно пред 100 години стигнала на насловна страница на француски магазин. Под фотографијата долу јасно пишува:–MACEDONIENNE !

 * 28 мај 1928, точно пред деведесет години,  на скопскиот аеродром на просторот на некогашна Јурија, сегашна населба Аеродром, слета првиот авион на тогашното Друштво за воздушен превоз „Аеропут“. Тоа бил  авионот од типот „потез – 29“ и носел 5 патници и 250 кила товар.

*28 мај,1983.- Во Скопје, првиот фудбалски женски клуб во Македонија Единство (формиран во 1983 година) го одигра првиот ревијален натпревар против женскиот фудбалски клуб Машинец од Ниш. Заврши со победа на Машинец, 7:2

*28 мај 1993.- Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.

*28 мај 1994.- Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.

*28 мај 2015.- На 59-годишна возраст почина македонскиот музичар, кантавторот Драган Каранфиловски – Бојс. Бојс ја започнал кариерата во 73-та година, формирајќи ја групата „Македонија“, па потоа преку култната „Мадригали“ и „Трн во око“, да продолжи како кантавтор на веќе легендарните „Опасно сум вљубен во тебе“, „Велерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“… Карафиловски е автор и на бројни хитови кои ги изведувале други пејачи, а има компонирано музика и за неколку ТВ – серии.

Претходниот артикал,Во посета на своите синови-војници
Следната статијаKoj e најисточниот град во Македонија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука