ЦРНО ЕЗЕРО-ШАР ПЛАНИНА

0
40

Црно Езеро се наоѓа јужно од врвот Бристовец (2675 m). Сместено на надморска височина од 2170 метри. Зафаќа површина од 33.520 m2 и претставува второ глацијално езеро по големина на Шар Планина.  Езерото има должина од 248 m, а широко е 185 m. Длабочината на езерото се движи околу 6 метри. Со вода се храни од топење на снегот и од неколку извори кои се наоѓаат на јужниот крајбрежен дел.

Непосредно до Црното Езеро, се наоѓаат уште две помали езерца (локви). Поголемото езерце се наоѓа на височина од 2350 m и има должина од 30 m, ширина од 15 m и длабочина од 1 m. Малото езерце се наоѓа непосредно до Црното Езеро. Езерцето е во завршен развоен стадиум, има пречник од 2 метри и длабочина од 0,5 m. Од ова езерце тече поток кој се влива во Црното Езеро.

Претходниот артикал,Свадбарска веселба во 70-те од минатиот век
Следната статијаПолуматурска на 8-б-2009

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука