10 ноември 1946 година, во Сомбор – соседна Србија,роден е Драган Мутибариќ, најголемото голманско име во фудбалскиот клуб Вардар од основањето, далечната 1947 до ден денес, Со успех настапува меѓу вардаровите стативи, најпрвин од 1966-тата до 1975-тата, а потоа и од 1979-тата до 1983-тата година.Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја.Човекот кој остави неизбришливи траги со неговите бравурозни интервенции, во неколку наврати работеше и како тренер на голманите во првиот тим и младинските екипи на Вардар. Токму како член на стручниот штаб, Мутибариќ може да се пофали и со четири освоени трофеи во државното првенство (сезона: 1992/93, 1993/94, 1994/95 и 2002/03) и еден во националниот куп (1997/98) во независна Република Македонија.Беше и државен репрезентативец на Југославија.