Нашите девојчиња сестрите Илина и Ева Соколовски се илинденска и македонска гордост на последниот натпревар во Германија Илина освои злато, а Ева бронза.
Во силната конкуренција на турнирот Gaumeisterschaften 2024 во Северна Вествалија изминатиов викенд Илина го освои златниот , а Ева сребрениот медал.
Како и до сега што сме Ве информирале овие две златни девојчиња се ќерки на наши сограѓани Горан и Јасмина Соколовски кои престојуваат во Германија подолго време.
Пред нив стојат многу натпревари, каде што очекуваат успех , но нивна желба е да ги бранат боите на Македонија на на идните големи светски натпреварувања