*Снежана Колевска потекнува од Кадино, каде што завршува основно образование во тамошното училиште “Ристо Крле”-Кадино. Уште од најрано детство покажува интерес по предметот ликовно образование и исто така со своите цртежи учествува на ликовни натпревари на кои има освојувано награди и дипломи. Меѓутоа го занемарува својот талент и своето образовние го продолжува во гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин”. Пред две години, на инститирање и наговор нејзиниот брат таа повторно започна да слика и своите слики ги објавува на својот fb-профил за кои често добива пофалби од пријателите на уметноста.

Благодарение на тоа, таа е забележана од познатиот академски уметник Новица Трајковски, кој ја поканува да учествува на заедничката изложба на уметниците од Општина Илинден што се одржа во Домот на Култура-Илинден. На изложбата учествуваше со четири дела. Инспирацијата за незиниот уметнички труд ја црпе од природата, природните убавини и пејсажите кои најмногу се застапени во нејзините дела. Од уметничките правци најмногу ја привлекува импресионизмот.
По одржаните заеднички изложби,Снежана започно поинтезивно да се занимава со уметничкото творештво , а во меѓувреме одржа и самостална изложба во Крива Планка и во Домот за култура во Илинден.










































