СВАДБАРСКИ ОБИЧАИ, ПРЕД И ПОСЛЕ СВАДБА .

0
1876
Стројниците, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото-градот. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго. Притоа, стројникот, од страна на родителите на девојчето, бил задолжен да ги пренесе нивните барања до родителите на момчето. Откако целата ова работа ќе била договорена, следувал чинот на прстенувањето, односно свршувачката. При тоа, родителите на момчето, со свечената облека, со венчалниот Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале прстен и со другите златни накити за невестата, заминувале во куќата на идната снаа. Таму, по пристигнувањето и седнувањето на трпезата, прв земал збор стројникот. Тој бил првиот што ја соопштувал пријатната вест дека тие биле дојдени „за да ја свршат девојката со нивното момче„. По ова, таткото на момчето му се обраќал на таткото на девојката дали бил согласен да ја даде ќерката за неговиот син. Доколку одговорот бил позитивен, веднаш била повикувана девојката за и таа да се изјаснела дали ја прифаќа понудата. Со прифаќањето на понудата и од страна на девојката, таткото на момчето, како и останатите гости, ги благословувале младоженците и први им ја честитале свршувачката. Потоа, следувала церемонијата на прстенување на девојката со прстен од страна на таткото на момчето и дарувањето со многубројните донесени поклони. За возврат, девојката, од своја страна, ги дарувала свекорот и свекрвата, додека поклонот за момчето бил најбогат.По традиција, по успешно завршената свршувачка, овој свечен чин задолжително бил објавувал со пукање на повеќе истрели од пушка. Со тоа, воедно, се означувал и почетокот на повеќечасовната веселба во куќата на девојката. Потоа, веселбата продолжувала во куќата на момчето кадешто веќе биле собрани и ги чекале нивните најблиски роднини. Пред влезот на куќата, повторно се  пукало во воздух со повеќе истрели од пушка за да се известеле „селаните за свршувачката„. Набргу по свршувачката, се правела свадба во куќата на момчето и во куќата на девојката.

*ПОНЕДЕЛНИК пред свадбата:На едно машко дете ,му се става сито на глава ,а во ситото цвеќе и босилок и се плете(вие)венче ,( на машка глава за невестата да роди машко дете).Венчето го плетат(вијат) две девојчиња .Откако ќе се сплете венчето ,тоа се става на картата за канење и во понеделникот каначите почнуваат да ги канат гостите за свадба.
Најпрво се канат Кумот,Стрејкото Деверот ,потоа останатите гости.
Чинот на канење ,кај кумот старејкото го прави најблизок роднина на младожењата татко,брат итн.

*ЧЕТВРТОК:Замесување на погачите

се месат три погачи:
едната за кога се оди по невестата
една за во црква и
третата за дома ја јадат тие што замесуваат и месариите .
Засејувањето и замесувањето го започнува девојче што има и мајка и татко живи.
Девојчето се облекува со машка кошула и му се става капа на глава (невестата да роди машки деца) При ова се пее
Засеј,засеј бела месарио,
Две погачи, една тебе ,една мене
ОЈ,ОЈ- УБАВО ДЕВОЈКО и се извикува ИИИИИ!!
Потоа се продолжува со пеење и тоа:
Долетаа два бели галаба
Со крилцата брашно засејаа
Со устата вода донесоа
Со нозете тесто замесиа
За мешање на тестото се користи Жегра накитена со цвеќе и црвен конец,жеграта три пати се префрла преку куќата.
При обавубање на овој обичај се жените пејат песни :
ОЈ,ОЈ,ОЈ,УБАВА ДЕВОЈКО
Дали грми ил се земја тресе
Ниту грми нит се земја тресе
Крали Марко коња кове
ОЈ,ОЈ,ОЈ,УБАВО ДЕВОЈКО
Потоа се продолжува со пеење:
Абер праќа млади младожења
Спремна ли си убава девојко
Спремна спремна уште малку не сум
На свекрот корил да навезам
На свекрва ракав да дошијам
Потоа се пејат и играт три ороводни песни ора од кои едната е обавезно
ЖЕНИЛ СЕ ПЕТРЕ ВОЈВОДА

*ЧЕТВРТОК: ПЛЕТЕЊЕ НА ВЕНЦИ НА ВРАТА-ПОРТА.

Песни кои се пејат при плетењето на венците

Вила мома три зелени венца

Први венец од ситен босилок

Други венец од винова лоза

Трети венец од бела пченица

Тој што беше од ситен босилок

фрлетего јунакови двори

Тој што беше од винова лоза

фрлетего јунаково лозје

Тој што беше од бела пченица фрлетего јунакови ниви

* ЧЕИЗ НА НЕВЕСТАТА
Во собата на невестата во нејзиниот дом „накитена“со нејзиниот чеиз ,била достапна за сите да видат колку и каков чеиз таа спремила.
Традицијата за ткаење,везење и плетење на уникатни рачни изработки за домашните потреби одамна се изгуби,како за секојдневните потреби на семејствата ,така и за свадбарски чеиз. Денес многу ретки се девојките кои носат свадбарски чеиз од такви уникатни примероци рачно изработени како:килими,пердињата, чаршафи…  за маса, милјенца, перничиња, и многу други предмети.
Наместо тоа како некогаш, денес во домовите како декорација се почесто се употребуваат фабрички произведени предмети, кои ги наметнува модата. Нашите прабаби, баби и мајки биле многу вредни,покрај тоа што во куќата и семејството тие претставувале столб и ги извршувале сите работи, не ја занемарувале и рачната работа, која претставувала украс за очите и им ја смирувала душата. После долгиот напорен ден, обврските во куќата, со децата,жената-мајка со рачната работа ,примремала облека за сите членови на семејството.Покрај тоа жената –мајка , спремала руба „чеиз“за ќерките, идни невести ,а во припремата на чеизот учествувала и идната невеста и нејзините најверни друшки(другарки) . Од нивните раце произлегле најсовршени нешта, кои кога ги гледаш, не ти се верува дека се рачно сработени.
До пред некоја деценија чеизот на невестата на денот на свадбата се истакнувал на видно место во нејзиниот дом и бил предмет на оценка од љубопитните девојки и жени од маалото-селото.
Инаку чеизот пред тоа јавно не се прикажувална други лица со цел ,да не биде преземена мустрата „шарата“од други девојки ,туку тој да остане како нешто невидено до тогаш .како ексклузивна изведба.
Денеска напуштена е ваквата припрема на чеизи,а гледајќи го чеизот, денес истиот како „ пропаѓа“ и не се користи ,најчеста забелешка од тие што го спремале може да се чуе зборот „ееј додека ова го спремав очи ми истекова ,а сега сето тоа пропаѓа“.

*САБОТА: Се оди по невеста

При поаѓањето по невестата се пее следната песна:
Ај со здравје китени сватови
Поздравете наша мила снаа
Што е стројник сва лето фалеше
На таа чешма шарена
ОЈ,ОЈ,ОЈ-ИИИИИИИИИИИИ

*КАНАЧИ ЗА СВАДБА

Саботата ден пред одржување на свадбата во недела се поканувало-известувало цело село за свадбата ,тоа се правело со преку така наречените каначи за свадбата . Каначите се на 15-17годиша возраст и во блиско сродство со семејството на младоженецот.Каначите едно машко и две девојки обавезно биле облечени во народна носија .Во торбите за канење се носи картата за канење ,а машкото морал да носи стап со кој ќе се штитат од кучиња.Тие имале задача да го поканат -известат целото село за одржување на свадбата одејќи од куќа во куќа по
ред во секоја во селото без исклучок.Ова канење не е исто со претходно поканетите гости за свадбата ,туку доаѓа како едно известување на населението за свадбата .Затоа тогаш на свадбите присуствувале речиси сите жители од селото .Оваа слика е од 1968г.,време -години кога веќе почнала да се запоставува овој чин.На сликата Љубица Ангеловска,Перо Ангеловски-Пц и( Гордана Нацевска).

*Адети при донесувањето на невестата во домот на младоженецот***
Пред да се слегне невестата од коњот или чезата или пајтонот се пее:
Слегуј слегуј фалена девојко
Што те стројник сва лето фалеше
ОЈ,ОЈ,ОЈ- ИИИИИИИ ( Потоа се продолжува) :
Нит слегнува ниту погледнува
Таксај Свекре што ќе таксаш
Ако сакаш снаа да ти слегне
Слегуј слегуј убаво девојко
Нит слегнува ниту помрднува
Таксај Свекре најголемо лозје
ОЈ,ОЈ,ОЈ,ИИИИИИИИИИИИИИ!
По ова се слегнува невестата од коњот и деверот братот на младожењата или ако друг близок роднина три пати ја врти невестата во круг ,при што се води сметка на застанувањето после третиот круг невестата да застане со лицето свртена према изгрејсонце.
Пред да влезе невестата во домот-куќата и се дава машко дете во раце и таа да роди машко.
Невестата три пати го подигнува детето во вис.
Потоа на невестата со маст со прст прави крст на вратата пред да влезе во домот.
Саботата према Неделата младоженците спијат оделно
***Недела ден на венчање во црква ,предпладне

***Бричење на младоженецот ,

Aдет кој се практикувал на денот на свадбата пред да се оди на венчавање, а се изведувал на селската чешма, а по бричењето следувало миење на чешмата. П ри миењето некој од присутните го мачка младоженесот претходно ги премачкал рацете со црна гламја.
Адетот бричење на младоженецот следувало по капење на младоженецот, обично каде вода поттурувал деверот,Бричењето се обавувалово присуство на роднини, пријатели, другари, блиски. Иако во повеќе населби постојат различни адети, сепак се’ се сведува на тоа чинот на бричењето пред одење по невеста да го изврши кумот. Насобраните пеат:

„Се собрале до тројца бербери

да забричат ќитен младожења

зашто ќ’иде у добра девојка,

добра девојка, ќитена невеста.“
Овој обичај видно изменет од претходниот опис симболично се изведувал и во нашата средина се до 70-80 десетите години од минатиот век,само колку да се одбележи како некогашен обичај.
Фотографија од свадбата на Ѓорѓи и Душка Тодоровски -1974г. симболично се обавува адетот бричење на младожењата.Потоа следува „црнење“ на младожењата ,па се оди на селската чешма на миење.Обичај било како што се гледа и од сликава невестата да го посипува младожењата со вода.

*ЧИН НА ВЕНЧАВКА ВО ЦРКВА

Венчавката во црка се обавувало само во недела и тоа до пладне(додека расне денот)што симболизира и на младите да им расне сречата,и напредокот во бракот.

По враќањето од венчавката во црква ,се овавува чинот на

* „Дарување“,

канетите гости седнати и секој пред себе го става дарот што го донел ,Младите го обавуваат чино „Клањање“,а сите гости фрлаат пари на килим послан пред нив .Потоа младите ги собираат даруваните пари на килимот ,а кој од нив двајца ќе соберел повеќе пари, значи бил повреден од другиот.
Потоа следувал ручекот, а секој од гостите си носел од дома пијалок ,мезе и ручек, обично тава со ориз и кокошка,ова траеше се до околу 1965-70г.
По ручекот општа веселба со песни и ора ,се до приквечер,штом се замрачи гостите си разотидуваат , а остануваат само најблиските роднини.

*НЕВЕСТИНСКА ТОРТА-СВАДБАРСКА ТОРТА
Со векови невестата и младоженецот јa сечат заедно тортата, зошто тоа се прави,односно што значи тој обичај.
Еден од најдолговечните обичаи без кој не поминува ниту една венчавка е моментот кога невестата и младоженецот се хранат меѓусебно со торта.
Во античкиот Рим, а подоцна и во средниот век, гостите свадбената торта ја фрлале кон главата на невестата, бидејќи се верувало дека тоа носи среќа и плодност.
Гостите подоцна се собирале и земале парчиња торта од невестата, и ги носеле дома за среќа. Постои и мит дека девериците своето парче торта го носеле дома и го ставале под перницата преку ноќта, надевајќи се дека тоа ќе им донесе среќа во потрагата за сопруг.
Во средниот век постоела и традиција според која гостите ги ределе тортите и колачите едни врз други и доколку младенците успеале да се бакнат преку наредената кула од торти без да ја срушат, се верувало дека животот ќе им биде полн со благосостојба.
Со текот на времето во тортите почнале да ставаат и овошје како симбол на плодност, а се верувало и дека невестата ќе донесе плодност ако сама ја исече тортата и ја подели со гостите. Кога почнале да се прават торти на повеќе катови, на невестата и требало помош за да може да стигне да ги послужи сите гости до полноќ.
Младоженецот почнал да помага и така сечењето на торта симболички почнало да се смета за нивна прва заедничка задача и почеток на нивниот заеднички живот.
Потоа овој обичај бил дополнет со меѓусебно хранење со торта како симбол на обврзување, грижење еден за друг, и славење на нивниот нов заеднички живот.

*ЧЕСНОТ НА НЕВЕСТАТА

Вечерта на денот на свадбата по разотидување на гостите ,остануваат најблиските роднини ,а младите заминувале во својата соба кога за прв пат требало да бидат заедно и да се види дали невестата е невина(поштена)  најблиските гости седат и „чекаат“ ,младоженците придружени од „младоженскиот момок“и неговата сопруга (тие имале улога да ги подучат младите) се спроведуваат во собата на младите со цел да си легнат заедно , (при што се чекало да се види дали младата е чесна –поштена или не)Доколку е поштена се крши стомна-бардак со што се искажува чесноста .Доколку пак таа не била чесна ,казната била враќање на невестата кај нејзините ,при што се изведувале и многу трауматични постапки спроведувајќи го тоа.

*ПОНЕДЕЛНИК:Блага Ракија
Ако невестата е поштена –чесна се меси блага пресна погача ,при што се води сметка горната кора на погачата да биде мазна ,не испукана или подгорена со некое дупче.
Погачата и шише со блага ракија, накитени со црвени конци ,Свекорот и друг близок роднина ја носат во куќата на невестата кај таткои и мајкаи,со што се искажува чесноста на нивната ќерка.
По свекорот невестата испраќа и поздрав на нејзините другарки китка босилок ,внатре една паричка и китката завиткана со црвен конец ,така за секоја другарка колку ги има 5 до 10другарки.
Од куќата на невестата по деверите во куќата на младоженецот се праќа исто така блага погача и шише блага ракија.

*ЧЕТВРТОК ,по свадбата во куќата на младоженецот се собираат најблиските роднини и настојниците на вечера и сите ги покануваат младите.  .

*САБОТА (САБОТНИНА),вечерта обично невестата облечена во невестинско со свекорот и свекрвата одат кај рачниот девер,додека младожењата оди кај „младоженскиот момок“(тој што го подучува младожењата како да постапува при првото легнување на младоќенците во неделата вечерта )

*ПРВИЧЕ ,обично се прави на некој празник неколку недели по свадбата .
Таткото и мајката и други најблиски од страната на невестата ( одат во чифт ,8-10 луѓе)одат во куќата на младоженецот на гости ,на враќање за дома ја зимаат невестата (ќерка им)на гости кај нив и со неа сега ќе врќат тек ,ако биле 8 сега се 9 итн

* ПРЕНЕСУВАЊЕ НА  НЕВЕСТАТА ПРЕКУ ПРАГ НА НЕГОВИОТ ДОМ.
Во древните култури постоело верување дека прагот на заедничкиот дом е место на кое демнат зли духови, а ранливите младенци биле предмет на нивните желби.
Се сметало дека духовите лесно можеле да влезат во невестата преку нејзините стапала. Поради тоа младоженецот имал должност да ја пренесе невестата преку прагот, за да ги спречи духовите да влезат внатре во домот. Во време на Средниот век во западна Европа се верувало дека невестата ќе внесе несреќа во куќата и својот брак, ако застане на прагот при првото влегување во заедничкиот дом, но пренесувањето преку прагот го решило и тој „проблем‟.
Исто така како причина за овој обичај се кажува дека по словенските пагански обичаи се верувало дека духот на покојните претци од семејството на младожењата лежат под прагот .
За младата не згазне на нив,младожењата ја пренесува преку прагот , со што искажувал почит према неговите предци.
Со доаѓањето на невестата во нова куќа во иднина ќе се наоѓа под заштита на светецот на младожењата,под неговото крсно име и семејната куќна слава.

***ЗОШTО НЕВЕСТАТА НA СВАДБАТА ФРЛА БУКЕТ-БИДЕРМАЕР
Во Средниот век гостите по венчавањето ги следеле младенците во нивните одаи и се обидувале да скинат парче од невестинскиот фустан бидејќи се сметало дека тоа донесува среќа.Така невестинските фустани често биле целосно уништени. Поради тоа невестите почнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција. Почнале на гостите да фрлаат букети за да можат да им побегнат, а на вратата на младоженецот на собраните гости ги фрлале подврските од чорапите на невестата.Девојката која ќе го фати букетот од невестата и мажот кој ќе фати подврската, се следни на ред за стапување во брак.

*КИТЕЊЕ“НА МЛАДОЖЕНЕЦОТ

„Китењето“со пари на младожењата,се обавувалo во куќата на невестата,кога се доаѓало по неа .Овој обичај, се практикуваше 1985-1995г.Истиот, беше прифатен под влијание од север и траеше само 10-тина години .Инаку десната страна од младожењата ја китеа „машката“страна(неговите роднини ) ,а левата страна ја „китеа “невестата и нејзините роднини . При ова „сеирот“ секогаш будно го пратеше тоа и правеше проценка која од китените страни е побогата (машката или женската) На сликата „китење“ на младожењата Миле Нацевски.

 *· ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО КУМСТВОТО НИЗ ВРЕМЕТО
Фотографија од свадбата на Дуле и Тања Донаковски , а на истата кумот Веле Трајковски го обавува чинот на венчавањето.
Кумот е особа која не е во крвно сродство со никого од родот,тој е заштитник на родот,а кумството преставува духовно родство.
Кумството не се одбива, а некогаш еден кум бил за целиот род.
Кумот ги крсти малите кумашинчиња, ги венча и нив ги штител и за нив се се грижел како татко.
Кумството се наследува, а истото можело да се прекине со согласност(благослав) на кумот.
Низ времето кум мењале семејства на кои не им вирееле децата, или ако им се раѓале само женски деца, во такви случаи наредното дете што ќе се родело го оставиле на раскрсница и тој прв што ќе го најде ќе му биде кум.
Во ваквите случаи по правило од кумството не се откажувал ни тој што го нашол детето ни семејството.
Кумот го благосува детето и му дава име (Стојан-Стојанка,Стојна, Трајан-Трајанка,Трајко,Трајка, Живко, Живка, Најден, Најдена и други слични имиња кои симболизирале живот)
За кум никогаш не треба да одбере комшија, затоашто некогаш може да дојде до некоја замерка ,а кумот е светиња,од тука проузлегува изреката што е „ Бог на небото – тоа Кумот на земјата“.
Честото дружење,позајмици,купување или продавање ,заедничка работа -ортаклак со кумот се избегнувало од едноставна причина да не дојде до меѓусебни замерки односно да не се расипат односите.
Од почит кон Кумот при средбите со него доколку се носи капа при поздравување истата се вади од главата и му се целива рака..
Кумството се сметало за света работа ,а Кумот за светец, се верувало дека од него зависи напредокот на семејството.
Кумот на свадбите,крштевките и во сите други случаеви, му припаѓа главното место на трпезата
Кумот со чинот на крштевњето на детето во Црква е сведок пред господа и црквата дека крстениот ќе остане верен на применета вера .
Кумот е сведок пред Господа и народот за венчавката на младите.
На денот на крштевањето се додека не се обави чинот на крстење во црква,Кумот ниту јадел ниту пиел ,со верување дека детето ќе има здрави заби,постојано ги засукувал ракавите од кошулата детето да има вртена (кадрова)коса..
Се верува дека кумовата клетва е најтешка,во народот има изрека, Кум да не те проколне.
Во одредени средини во постари времиња , во мешани национални средини, со цел да се избегне некоја несакана работа и да се добие одредена заштита,Кум се ставал и од друга вера,со цел да се заштити семејството и имотот.
Сите членови од поширокиот род на Кумот се ословуваат исто како кумот со КУМЕ и обратно со КУМАШИНЕ.
Денес многу од овие вредности се делумно напуштени или изменети и повеќето кумства се помеѓу другари со кои се прекинува вековната традиција и улогата на кумот.

*Статус на невестата во разни случки и настани по свадбата

Бегалката девојка, била потценета,во ваков случај кога девојката е „бегалка“свадба се правела само во куќата на младоженецот .
Неоженетите момчиња, биле потценети и ги нарекувале ерген-дедо
Немажена девојка, била потценета и се нарекувала„ бела коса.“
Разводи немало, но доколку се случило тоа и младата се вратила дома, таа имала понизок статус и од момокот-слугата на куќата.
Доколку некој останел вдовец ,обично се чеколо минимум 1 година до повторно женење и тоа пред се се гледало и таа да биде вдовица,а доколку вдовецот имал деца гледал ,да се ожени со нероткиња ,да не се меша крвта.

***********************************

Претходниот артикал,ОБИЧАИ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ И ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МАЛИ ДЕЦА
Следната статијаЅУНИЦА(ВИНО-ЖИТО)

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука