Катлановско Блато

0
759

Катлановско Блато е познато одморалиште на птиците преселници, кои според истражувачите доаѓаат од африканско-азиските краишта и на европскиот континент го уживаат летото. Во овој живописен предел речиси и да нема бандера каде што нема гнездо на штркови. Тие се населуваат во исклучително чисти еколошки средини. Катлановскиот предел зафаќа површина од 5442 хектари и се наоѓа 27 километри јужно од Скопје, на местото каде реката Пчиња го всекла своето корито во Катлановскиот Рид и изградила куса, мошне живописна и ретко убава клисура. Пред да почне мелиорацијата, Катлановското Блато било попатно собирно одморалиште на птиците преселници каде живееле повеќе од 240 видови птици, од кои 160 биле гнездалки, додека во мочуриштето се гнезделе повеќе од 60 видови птици. Катлановското Блато е специјален резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) а од 1965 г. во согласност со “Законот за заштита на природните реткости” е ставено под заштита.

Претходниот артикал,Верувања и обичаи со поврзани со првите запчиња на бебињата
Следната статијаТрпевски Зоран –аматер сликар,одржа самостална ликовна изложба

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука