Кулите стражарници во Велес

0
80

Во средината на 17 век Велес, според пописите, имал околу 2000 куќи и нешто околу 4000 жители.

Се споменува дека Велес тогаш имал две кули – стражарници, кулите служеле за надгледување на многуте упади на пљачкашки банди, со кои тогашната турска власт дури и не можела да се справи.

Саат кула е подигната околу 1670 година, по нацрт на познат турски архитект Аџи Хусреф , кој бил донесен од Цариград од страна на Фазил Ахмед паша, тогашен голем везир на Турција, иначе роден во Велес ( тогаш Ќупурли)

 Кулите имале по два спрата поврзани со лествици. На првиот спрат имало по 3 пушкарници на секоја страна, а на горниот дел и две помали топчиња. Посадата имала, во една смена, по 8 стражари и тоа 4 стрелци и 4 топџии. На врвот на кулата имало сад за оган кој се палел за сигнализација, кога имало некаква опасност. Во случај на опасност се палеле и фрлале надолу бали замотан валовец ( сува трава), која горејќи го осветлувала теренот и ги одвраќала напаѓачите.

На кулата, според турски извори, биле поставувани на колци и главите на разбојници или ајдуци, кои биле фатени и обезглавени на пазарот, а подоцна на Стар мост.

За време на бомбардирањата на 7 и 9 април 1941 година, саатот не е погоден , а при ослободувањето на Велес на 9 Ноември 1944 година таму имало митролеско гнездо на германската војска и при нападот е делумно оштетен. Во таа борба околу саатот загинале и неколку партизани – ослободители на Велес-скратена верзија од текстот на Љупчо Данов.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 ФЕВРУАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 12 ФЕВРУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука