† Светиот апостол и евангелист Свети Лука чија слава се одбележува на 31 Октомври, според верувањата е заштитник на докторската професија, а го слават и многу православни семејства.
Апостол Лука е еден од четирите евангелисти чии дела денеска се наоѓаат во Новиот Завет. Според едни, тој им припаѓал на Дванаесет апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во Седумдесет апостоли.
По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.
Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле.
Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија.
По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник
Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. По овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук
Според други сознанија:
Светски истражувачи тврдат дека Апостол Лука е по потекло Македонец..
• Истражувањата покажале дека, Св. Лука не е роден во Антиохија, роден е во Македонија (иако тогаш во Антиохија претежно биле Македонци).
• Според теоријата, Св. Лука е Македонецот кој го вика Св. Павле да дојде во Македонија.
Се смета дека Апостол Лука бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и на апостолите Петар и Павле.
Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.
Во тоа време Македонија била во составот на Римската империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во Дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:
…на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: Дојди во Македонија – помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог не` повикал да им го проповедаме Евангелието.
„Додека престојувал во Троада, Павле имал визија на човек од Македонија, кој го повикал да појде во Македонија. Некои претпоставуваат дека човекот од Македонија бил лично Лука “.
Уште истиот ден Апостол Павле и неговите блиски соработници, кои го придружувале – Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Д. А. 16.11-12), кој град се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.
Градот Филипи станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено Христијанството. Кога Христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија (Дела 16,12). Изразот прв (prwvth), како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.
По смртта на апостол Павле, Апостол Лука заминал да го проповеда Евангелието во Италија, Далмација и Македонија.







































