На фотографијата се дел од фамилијата Колевски од Бујковци-Илинден.
Колевци се доселени од Битолското село Цапари, како богато сточарско семејство во Бујковци се доселени пред околу 120/150 г.
Податоците се според кажувањата на од нивниот чукун дедо Коле и неговите синови Нојко и Трајко.
Од Цапари се иселиле бидејки го подржувале и помагале македонското револуционерно движење бидејки имале проблеми со турската власт.
Прв кој се доселил во Бујковцие Нојко Колевски,тој имал синови по име Цветко,Петре,Ристо и ќерки Пандора,Љиљана и Наска сите родени во Бујковци.
Трајко имал синови Јованче,Никола,Денко и ќерќи Васа и Митра сите родени во Бујковци.
Куќна слава на родот Колевски е св.Никола повеќе од 1 век.
Родот-фамилијата Колевски е една од најголемите во селото Бујковци.
Прилог од Nikola Messi Smilkovski







































